Северина има ново младо момче (ФОТО)

1013

По 6 години брак и развод од бившиот фудбалер Игор Којиќ, пријателите велат дека Северина е повторно вљубена, и тоа дека во прашање е младиот продуцент Филип Милетиќ.

Иако досега многупати се пишуваше низ медиумите дека Северина и Игор се разведуваат, пејачката постојано демантираше, но по се изгледа каде има чад има и оган, па по 6 години стави крај на вториот брак.

Северина Вуќковиќ деновиве не се двои од продуцентот Филип Милетиќ, нивните пријатели тврдат дека тој дури и ја раскинал својата веридба поради популарната хрватска пејачка.

Откако таа потврди дека се разведува од Игор, летото го помина со друштво, во истото бил и продуцентот Милетиќ. Пред неколку дена објавила форографија со Милетиќ и роденденска торта по повод неговиот роденден, на тортата пишувало „Те сакаме“