Изглед на кит, а функционалност на швајцарско ноже: Камп-приколка со уникатен дизајн

730

Со оваа камп-приколка е невозможно да останете незабележани.

Љубителите на кампувањето најдобро знаат колку е важно камп-приколката да биде функционална и практична.

Се чини дека кинескиот дизајнер Ху Јонг, креатор на оваа камп-приколка, успеал да ги задоволи основните барања на еден кампер, но истовремено да направи и приколка со исклучително интересен изглед.

Како инспирација за надворешниот дизајн му послужил најголемиот цицач на светот – китот, а за функционалноста – швајцарското џебно ноже. Имено, кога ќе се паркира на саканата локација, оваа навидум мала приколка може да се прошири и со тоа да се добие дневна соба, кујна, купатило и спална соба.

Покрај тоа, многубројните прозорци обезбедуваат добро осветлување и проток на свеж воздух во нејзината внатрешност.

Кујната може потполно да се извлече за надворешна употреба кога временските прилики го дозволуваат тоа или да остане покриена за готвење на затворено кога времето е лошо.

Дизајнерот Ху Јонг ја опишува камп-приколката како доволно издашен простор за четиричлено семејство.

Оваа интересна камп-приколка ја освои овогодишната награда за дизајн „Red Dot“ во Германија, а сега е во рана фаза на развој на производството. Цената не е соопштена.