На фотографијата се гледаат расфрлани храна и отпадоци по масата, подот и околу столот за хранење на детето, со сосема несоодветен коментар од сопственикот на локалот. „Ги прифаќаме мајките со мали деца, но овој хаос не е добредојден без никаков обид да се помогне во чистењето и без извинување“, се вели во објавата, а пренесува „Мирор“.
За жал, сестрата на „таргетираната“ мајка ја видела оваа објава и оставила коментар:
-Како на младите мајки да не им е доволно тешко и без вашиот обид јавно да ги посрамотите не само на мрежите, туку и во вашиот локал. Се чини дека немало проблем додека не платиле и дале бакшиш – одговорила нејзината сестра, а кога ја избришале фотографијата додала: – Признавате дека не е тешко да набавите лопатче и метла. Но, без гајле, иако ѝ кажавте на мојата сестра со 11-месечно бебе да не доаѓа повеќе во вашиот локал, се сомневам дека би сакала после вакво одвратно и непрофесионално однесување.
Нејзиниот коментар предизвика вистинска дебата на мрежите, и додека едни ја бранеа постапката на ресторанот, други беа на страната на муштериката.
„На мајката ѝ биле потребни 30 секунди да го собере тоа. Тешко дека персоналот не е професионален”, „Би заминале ли така од домот на пријателот? Се сомневам”, “Згрозена сум што се обидовте вака јавно да ја посрамотите”; „Навистина очекуваат секој, со или без дете, да го исчисти нередот пред да си оди?“ – гласеа коментарите.
Сопственикот на објектот потоа се извини што ги навредил клиентите, особено на младите родители.