Дневен хороскоп за среда (15.12.2021)

479

ОВЕН

Работа: Многу сте незадоволни и загрижени за финансиската состојба.

Љубов: Со вашето однесување само го поттикнувате партнерот да се сомнева во вашата верност.

Здравје: Можни се проблеми со алергиски реакции.


БИК

Работа: Незадоволни сте од ситуацијата на деловно поле поради ненадејните проблеми и трошоци кои следеа.

Љубов: Не е добар ден за нова врска, може да бидете доста разочарани. Бидете воздржани уште некое време.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Се уште не сте задоволни од деловната ситуација. Како ништо да не оди според твоите очекувања. Вие сте тврдоглави.

Љубов: Ниту вие, ниту вашиот партнер се уште не сте подготвени да се откажете. Не претерувајте.

Здравје: Нема поголеми проблеми


РАК

Работа: Внимавајте како избирате нови соработници за да не зажалите подоцна. Во тоа ви треба трпение и упорност.

Љубов: Вие сте осамени. Ви треба некој да ја промени таа мрачна атмосфера.

Здравје: Чувствителен долен дел од стомакот


ЛАВ

Работа: Нема простор за нови грешки на полето на финансиите. Постои можност за вработување со скратено работно време.

Љубов: Ако сакате да го задржите вашиот сегашен партнер, треба да бидете спремни да се жртвувате.

Здравје: Многу е важно да ја подобрите вашата кондиција.


ДЕВИЦА

Работа: Сè уште не сте се прилагодиле доволно на промените кои настанале на работа.

Љубов: Мора да се опуштите и да прифатите дека немате контрола врз одлуките на другите луѓе.

Здравје: Болно грло, пијте чај повеќе


ВАГА

Работа: Наскоро би можеле да пристигнат поволни вести од компанијата каде што аплициравте. Сепак, ве советуваме да бидете внимателни.

Љубов: Едвај чекате да го слушнете мислењето на неговиот партнер за некои ваши идеи.

Здравје: Внимавајте на сообраќајот.


ШКОРПИЈА

Работа: Новата работа не ви ги донесе резултатите што ги очекувавте. Тоа носи дополнителна нервоза во вашиот живот.

Љубов: Не е во ред отворено да флертувате секаде и на секое место. Затегнете ја рачната сопирачка.

Здравје: Проблеми со белите дробови.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Ако сакате да успеете во бизнисот, треба да бидете максимално фокусирани.

Љубов:  Многуте искушенија што ги имате ќе послужат само за да ја тестираат вашата посветеност кон сегашниот партнер.

Здравје: Проблеми со бубрезите.


ЈАРЕЦ

Работа: Иако моментално немате преголема корист од некои од работните места, профитот ќе дојде кога најмалку очекувате.

Љубов: Не вршете дополнителен притисок врз партнерот кој и онака е нерасположен.

Здравје: Чувствителен нервен систем. Обидете се да се опуштите.


ВОДОЛИЈА

Работа: Секоја дополнителна деловна задача ви претставува нов предизвик со кој сте подготвени да се соочите.

Љубов: До себе имате партнер кој добро ја разбира и ја познава вашата каприциозна природа.

Здравје: Лошо расположение, иако немате причина за тоа.


РИБИ

Работа: Постојано пробувате нови потези и тактики, но се чини дека ништо не функционира.

Љубов: Потребна ви е личност која ќе разбере низ што поминувате во бизнис планот и која ќе ви даде поддршка.

Здравје: Во доста добра форма сте.