На Нов Зеланд повторно дозволени оргии, но само под еден услов: Премиерката преку хумор ги потврди новите мерки

610

Во интервју за локалната станица, новозеландската премиерка Џасинда Ардерн изјавила дека „семафор системот“ кој започнува да се применува во земјата, ќе дозволи и најинтимни собири, пренесува „Lad Bible“.

Премиерката потврдила дека на жителите на Оукленд законски им е дозволено и да учествуваат во оргии, по изолацијата поради коронавирусот.

На барањето да даде повеќе детали за системот, Ардерн рекла дека сè е дозволено, од излегувања до оргии, но само ако во просторијата нема повеќе од 25 луѓе.

„Можам да потврдам дека врските на Тиндер се повторно отворени. Тоа не е баш строго вклучено во „семафор системот“, но, во црвено се дозволени до 25 луѓе“, рекла таа низ смеа.

Нов Зеланд се префрли на т.н. „семафор систем“ на мерки, заснован на тоа дали луѓето живеат во црвена, жолта или зелена област. Ваквите мерки се воведени по појавата на новиот, позаразниот омикрон на кој вакцините, како што се чини, не делуваат доволно ефикасно.

Нов Зеланд имаше некои од најстрогите мерки против Ковид-19 во светот во текот на пандемијата и продолжи со строги рестрикции на границите.

Ардерн изјавила дека властите вредно работат на тоа да го спречат влегувањето на омикрон во земјата.