“Тимскиот лекар ме дрогираше, ме соблече гола и со часови се изживуваше на мене”: Потресните сведоштва на стотина гимнастичарки

1347

Договорот меѓу Гимнастичарскиот Сојуз и Олимпискиот и параолимпискиот комитет на САД ќе им обезбеди отштета на повеќе од 500 девојки и жени кои преживеале некаков вид на злоставување додека се занимавале со овој спорт.

Стотина гимнастичарки кои сексуално биле злоставувани од Лоренс Лери Насар, некогашен лекар на националниот гимнастичарски тим, ја прифатиле спогодбата од 380 милиони долари, ставајќи точка на последното мрачно поглавје во една од најголемите случаи на злоставување во историјата на спортот воопшто, пренесува “NY Times”.

Оваа спогодба, обелоденета во понеделникот, е една од најголемите кога станува збор за случаи на сексуално злоставување. Средствата треба да одат во рацете на повеќе од 500 гимнастичарки, вклучувајќи шампионки како Симон Бајлс, МекКајла Марони и Али Рејсман, кои биле жртви на Насар или некој друг во светот на гимнастиката.

“Ниеден паричен износ никогша нема да ја направи направената штета и тоа низ што минале овие жени. Но во некој момент, преговорите мора да се завршат бидејќи на овие жени им е потребна помош и потребна им е веднаш”, рекла Рејчел Денхоландер, една до жртвите на Насар вклучена во преговорите за спогодба.

Многу жртви на Насар со години чекале на некаков вид на компензација за да ги покријат трошоците за скапото лечење на менталното здравје, додала Денхоландер. Гимнастичарките се бореле со анксиозност, депресија и пострауматски стрес, а некои од девојките се обиделе и да се самоубијат.

Случајот Насар кренал многу прашина во Америка, не само поради тежината на злосторствата, туку и поради ранливоста на младите спортисти во гимнастиката и другите спортови, изнесувајќи го фактот дека организациите не успеваат да ги заштитат своите спортисти и да им обезбедат доволно безбедни услови. По бројните сослушувања во Конгресот по ова прашање, законот кој ги штити олимписките спортисти е засилен. Целиот случај ја расветлил и улогата на ФБИ во овозможувањето на Насар да ги злоставува пациентките, дури и откако биле доставени извештаи за неговото однесување.

Потсетуваме, во септември оваа година споменатите Бајлс, Марони, Рејсман и поранешната репрезентативка Меги Николс сведочеле во Конгресот за Насар, но и за фактот дека ФБИ замижал пред нивните сведоштва и пријави.

МекКајла Марони пред судот огорчено и со солзи на очите зборувала за неправдата со која се соочила кога во 2015-та година го пријавила случајот.

“Откако летото 2015-та година во ФБИ ја раскажав својата приказна за злоставувањето, не само што не пријавија дека сум злоупотребена, туку и на крајот, 17 месеци подоцна, го документираа извештајот, изнесоа сосема лажни тврдења за тоа што им го кажав. Уморна сум од чекање луѓето да ја направат вистинската работа, бидејќи моето искуство беше доволно и заслужуваме правда”, рекла во септември, а потоа се потсетила на другите ужасни детали.

“Им кажав дека Лери Насар прво ми кажа да се пресоблечам во бел шорц без долна облека, бидејќи така му е полесно да работи на мене, а во рок од неколку минути неговите прсти беа во мене”, раскажала таа и продолжила со специфичните аспекти од злоставувањето на Насер, кои своевремено ги споделила и со ФБИ. Тоа го вклучува и случајот кога и дал таблети за спиење, а потоа била гола додека тој бил над неа и ја злоставувал со часови.

“Почнав да плачам од таквите сеќавања преку телефон, а имаше само тишина. Бев шокирана од молчењето на агентот и занемарувањето на моите трауми. После таа минута молчење ме праша: ‘Дали е тоа се?’ Тие зборови само по себе беа еден од најлошите моменти во целиот овој процес…злоставувањето да се сведе на минимум и да се занемари од страна на луѓето кои требаше да ме заштитат”, објаснила гиманстичарката како изгледало нејзиното искуство.

И Симон Бајлс се јавила во ФБИ, а од таму не преземале ништо повеќе од една година откако било пријавено злоставувањето.

“Да бидам јасна, го обвинувам Лери Насар и го обвинувам целиот систем кој му овозможи да изврши таква злоупотреба”, истакнала таа и додала дека раните од ужасното злоставување и натаму живеат со неа.

Насар, кој ја признал вината, во 2018-та година бил осуден на затворска казна од 40 до 175 години. Претходно бил осуден и на 60 години во федерален затвор поради детска порнографија.