Опколена е куќа: Голема полициска акција во Диво Насеље во моментов

728

Полициска акција се одвива како на филм, известува ТВ Алсат, а опколена е куќа во кумановската населба Диво Насеље.

Специјалната полициска единица на Македонија спроведува голема полициска акција, а повеќе детали се очекуваат подоцна.

Неофицијално, Алсат дознава дека се работи за наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни.