Експлозија во автомобилот, на претседателот на Стопанската комора за енергетика, Ѓорѓи Манасков

836

На Фејсбук страницата на Стопанската комора за енегика доцна синоќа беше објавена информација дека се запалило возилото во кое се превезувал претседателот на комората, Ѓорѓи Манасков, заедно со уште еден сопатник. За среќа во експлозијата нема повредени, но возилото е целосно опожарено.

„ЕКСПЛОЗИЈА во возилото во кое се возеше Претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија Гдин Ѓорѓи Манасков со сопатник, кој возеше на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север, пишува во објавата.
Брзата интервентна полиција која беше во близина и противпожарната екипа и веднаш реагираше, НЕ успеа да го изгасне возилото Мерцедес С200 црна боја, кое изгоре до темел за неполни 3 минути. Патниците се здрави и живи.
21.12.2021“, пишува на Фејсбук.