NBA колумна на Димитар Младеновски-Уникатниот Џермејн О’Нил (ВИДЕО)

2249

Џермејн О’Нил претставува еден од најдобрите крилни центри кој настапуваше во периодот од 2000 до 2010 година.

Важи за еден од најмладите играчи кој стапнале на NBA терените. О’Нил пристигна на големата сцена директно од средношколските клупи. Драфтуван 1996-та година од страна на Портланд Треил Блејзерс, како 17-ти пик на (можеби) најсилниот драфт во историјата. “Џеј Оу” своето професионално деби го имаше со штотуку наполнети 17 години.

This image has an empty alt attribute; its file name is 2024-NBA-Jermaine-ONeal-2.jpg

Во најсилното кошаркарско натпреварување, проведе цели 18 години. Беше избран за играч со најголем напредок во сезоната 2001/2002 и е носител на два златни медали претставувајќи ја својата земја на најголемите натпреварувања. Шест кратниот All-Star своите најсветли денови во својата богата професионална кариера ги имаше во дресот на Индијана Пејсерс. Во тоа време тимот од Индијанаполис беше еден од најсилните тимови на Истокот и еден од главните фаворити за трофејот. Денес е успешен бизнисмен поседувајќи ја една од најуспешните спортски маркетинг агенции заедно со својот голем пријател, Трејси МекГрејди.

Нoќта помеѓу 4-ти и 5-ти Јануари 2005-та година, О’Нил ја имаше својата животна партија. На домашен терен Индијана го пречека Милвоки. Крилниот центар на домаќините беше незапирлив. Постигна рекордни во кариерата 55 поени (со скоро 65% успешност на шутевите од поле) а зграби и 11 скокови . Ваквата маестрална игра, очекувано донесе и победа на неговиот тим. Оваа партија до денес претставува втора најдобра изведба на играч на Индијана Пејсерс, во тимската историја. Само клупската икона, единствениот Реџи Милер, има подбар поентерски перформанс со 57 постигнати поени во далечната 1992-ра година.

Уживајте во најубавите моменти од оваа фантастична изведба на “Џеј Оу”.

NBA FAN

Димитар Младеновски