За неполни пет месеци ослабела 18 килограми со програмата на студио „Фигурела“ – Наташа Петровска откри детали за нереалната трансформација!

718

 

Студио „Фигурела“ неодамна објави една интересна трансформација на една девојка која за неполни пет месеци успеала да ослабе дури 18 килограми со помош на нивната програма за ремоделирање на тело. Токму ова беше и повод за накратко да поразговараме со сопственичката на „Фигурела“, Наташа Петровска, која откри какви новитети следуваат периодов во студиото, но и како изгледала трансформацијата и што се случувало за периодот од пет месеци. Процесот на слабеење е документиран и со видео.

2022 ја стартувавте доста динамично со низа специјални понуди за дамите. Што е она што во моментов е актуелно?

Студио „Фигурела“ во 2022 година влезе поприлично динамично. Покрај низата новитети поврзани со делот со вежбање и акциите и специјалните понуди наменети за сите припаднички на понежниот пол, наскоро ќе внесе новитети и кога сончањето е во прашање. Имено, за кратко во студио „Фигурела“ покрај двата постоечки смарт солариуми кои овозможуваат да направите тен, колаген или комбинирана сесија, пристигнуваат уште два нови смарт солариуми, овојпат со хијалуронски бризер и колаген . Станува збор за најнова технологија на солариуми кои ја штитат кожата, го активираат колагенот и и даваат младешки изглед . Поттикнуваат и продуцирање на витаминот Д што е од исклучителна важност за организмот. Овие солариуми за разлика од останатите можат да се користат и како Антиејџ третмани кои даваат одлични лифтинг резултати

Неодамна објавивте дел од еден интересен предизвик, Биди фит со Фигурела. Како изгледаше предизивикот, кои резултати ги постигнавте, за колку време и дали можеме наскоро да очекуваме нова трансформација?

Постигнавме одлични и неочекувани резултати. За рекордно време од нецели пет месеци девојката успеа да изгуби 18 килограми. За неа подготвивме специјална програма за вежбање, а паралелно телото освен со вежби, го обликувавме и со помош на апаратот „Ендосфера“ со кој го отстранивме целулитот и го кренавме задникот за 2 сантиметри. Презадоволни сме од оваа трансформација, а наскоро можете да очекувате уште една. Оваа трансформација е доказ дека во студио „Фигурела“ слабеењето е загарантирано, токму поради тоа и даваме писмена гаранција за постигнатите резултати.

Почетокот на февруари дефинитивно е идеално време и за нов почеток и нов здрав концепт на живот. Ваш совет за сите дами, како и на кој начин да ги променат животните навики и да бидат фит до лето?

Мој совет како и секогаш се здрави навики и здрав стил на живеење . Комбинацијата од програмата во „Фигурела“ со персонален асистент и начинот на исхрана со нашиот нутриционист се секогаш на прво место за ремоделирање на женското тело, а после тоа доколку има потреба за крајно обликување и отстранување на несаканиот целулит и масни наслаги исто така топло го препорачувам апаратот „Ендосфера“ кој е совршен за измазнување и отстранување на недовршеностите на телото и кожата , и го подигнува глутеусот дури до 2 сантиметри.

Во Фигурела и во зима е лето и тоа благодарение на смарт солариумите за кои сте ексклузивен застапник за овие простори. Интересен момент е што овие солариуми можат да ги купат и обезбедат сите оние салони кои што сакаат да внесат некој новитет, а нудите и низа поволности за да го овозможат тоа. Како и на кој начин?

Токму така, напорно работиме и во тој дел. Сите детали околу продажбата на смарт солариумите можете да ги најдете на Инстаграм страницата смартсолариум_балкан. Наскоро следуваат новитети и за пазарпт во соседна Србија, но уште е рано да откриваме детали. Во моментов е актуелен попустот од 20 проценти за солариумите, како и можноста за плаќање на 12 рати.