Поп-пејачката Марина Висковиќ ја започнала својата кариера во 2010 година кога ја издала својаата прва песна „Каде сум грешела“, која за многу кратко време станала неверојатен хит и пред да биде објавена.
Имено, Марина пред да биде објавена оваа песна пеела по клубовите во Белград, а потоа во 2009 година на интернет се појавила демо снимка од оваа песна. Во тоа време се ширеле страшни невистини за оваа песна и за Марина.
Некои оделе толку далеку што зборувале дека пејачкта која ја изведува оваа песна се самоубила додека била бремена. Марина пред неколку години проговорела за оваа непријатност.
– Тоа е една ужасна приказна. Ете, ме погребаа и пред почетокот на кариерата. Не неупатените, низ градот се појави приказна дека девојката која ја испеала песната поради тажната љубов извршила самоубиство. Како времето поминувало, приказната добила се повеќе и повеќе верзии… На крајот наводно ми починале родителите, а јас бремена и без момче, сум извршила самоубиство -раскажала пејачката.