Зеленски ја одбил понудата на САД да го евакуираат: „Ми треба муниција, не превоз“

493

“Washington Post” ги цитирал американските и украинските службеници кои рекле дека американската влада е подготвена да му помогне на Зеленски.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одбил понудата на Вашингтон да го евакуираат од Украина, пишуваат американските медиуми.

Зеленски порачал дека борбата е таму, и дека му треба муниција, а не превоз – известува “AP”.

“Washington Post” ги цитирал американските и украинските службеници кои рекле дека американската влада е подготвена да му помогне на Зеленски.

Зеленски вчера ветил дека ќе продолжи да се бори, велејќи: „Кога ќе не нападнете, ќе ги видите нашите лица, а не нашиот грб. Сите сме овде, така и ќе остане“, рекол тој.