MЗТ Скопје Аеродром со ново стар диригент

755

МЗТ Скопје го претстави новиот тренер. Александар Петровиќ се враќа во Аеродром.

Доскорешниот тренер на Академија ФМП, го превзема кормилото на плаво/белите. Еден од најпрепознатливите лица на клупата во историјата на МЗТ Скопје се враќа во тимот по пауза од една деценија. Тој доаѓа на местото на Дарко Радуловиќ, со кого беше прекината соработката по неуспехот во финалето од Купот на Македонија пред една недела.

За Петровиќ ова е трет пат како ќе ги предводи “штроквите”. Претходно седеше на клупата од 2001 до 2007, а потота од 2009 до 2011 година. Како прв тренер ги предводеше и екипите на Пелистер, Карпош Соколи, Куманово и на крај во Академија ФМП каде беше прв човек последните две години.