Камерон Дијаз за физичкиот изглед: „Повеќе не се грижам како изгледам, ретко го мијам лицето“

526

Камерон Дијаз во интервју за подкастот „Rule Breakers“ открила дека повеќе не се отповарува со изгледот и дека ретко кога го мие лицето.

„Почитувам дека некои жени ги следат стандардите на убавина. Порано се грижев за изгледот, но сега воопшто не ми е важен“, изјавила актерката.

Секако, таа го разбира притисокот кој го носи славата и постојаното споредување со другите. Пред 10-тина години, Дијаз одлучи да се повлече од јавноста и да не придава толкаво значење на негата на кожа.

„Тоа е буквално последното нешто на кое размислувам. Не се грижам за тоа како изгледам. Повеќе не се средувам, ретко кога го мијам лицето. Во најдобар случај тоа го правам 2 пати месечно“.

Камерон во 2015 година стапи во брак со Бенџи Маден, а парот ја доби ќерката Радикс пред 2 години. Наместо на разубавување, актерката го насочила вниманието на својата нова страст – готвењето.

„Во текот на првиот карантин го подготвував секој оброк. Готвењето е мојот „јазик“ на љубовта. Сакам да им подготвувам храна на своето дете и сопругот“, додала таа.