Овој моќен напиток којшто ќе ви го претставиме денеска ќе го закрепне целиот ваш организам.
Лековитите својства на лукот на сите ни се познати, а напитокот од оваа намирница во комбинација со виното се покажала како неверојатно добро средство за чистење на крвта, јакнење на имунитетот, јакнење на срцето и крвните садови и чистење на телото од токсини.
Овој напиток е одличен како природен лек кој го забрзува метаболизмот и го поттикнува губењето килограми.
Состојки:
– 12 чешниња лук;
– 0,5 литри црвено вино.
Подготовка:
Исечкајте го лукот и ставете го во тегла. Додадете го црвеното вино и затворете ја теглата, па оставете течноста да отстои на светло место две седмици.
Секој ден протресувајте ја теглата. По две седмици, ставете ја течноста во темно стаклено шише. Консумирајте со лажица од напитокот, три пати дневно во текот на еден месец. Потоа направете пауза од 6 месеци.
Како помага?
Напитокот од лук има антибиотски, антифламаторни и антибактериски својства.
Помага кај следните тегоби: ги ублажува воспалителните процеси, го подобрува метаболизмот, го намалува нивото на холестерол, го отстранува вишокот сол од телото, ги елиминира токсините, ја прочистува крвта, ја зголемува енергијата, ги согорува мастите и ги јакне крвните садови и срцето.