(Видео) Турција нападна – објавена првата снимка

664

Турција ја објави првата снимка од воената операција против милитантите на Работничката партија на Курдистан, која започна во неделата.

Турското Министерство за одбрана објави снимка од својата воена офанзива против курдските сили во северен Ирак, а министерот за одбрана на земјата рече дека борбите ќе продолжат „до неутрализирање на последниот терорист“.

Турската воена операција во северен Ирак ги постигна сите свои цели, било речено на краткиот брифинг со новинарите во Анкара, напоменувајќи дека турските сили ги гаѓаат курдските милитанти во ирачки Курдистан.

„Армијата извести дека се убиени многу терористи и дека се уништени многу цели поврзани со нив. Досега сите планирани цели се постигнати“, вели турскиот министер Хулуси Акар.

За потсетување, Анкара во неделата навечер ја започна најновата кампања против милитантите, кои ги смета за терористи.

Турција, членка на Северноатлантската алијанса, го нарекува нападот „специјална операција“.

На видеото се гледаат борбени авиони, напаѓачки хеликоптери, артилерија и копнени сили во акција. Повеќето од снимките се направени со опрема за ноќно гледање.

Турската кампања, наречена Операција „челична канџа“, е прекугранична операција на турските сили насочена кон курдските милитанти во северен Ирак.

Анкара ги смета Курдистанската работничка партија (ПКК) и сириската курдска милиција (ИПГ) за терористички организации.

Тековната операција се фокусира на регионите Метина, Зап и Авасин-Басјан, соопшти турската војска.