NBA-Доминантниот Дончич недоволен за победа (ВИДЕО)

688

Феникс Санс и Далас Маверикс одиграа возбудлив прв меч во Аризона.

Балансираниот напад на тимот од Аризона (во кој шест играчи имаа двоцифрен број на поени) беше клучен за триумфот од 121:114. И покрај маестралната партија на Лука Дончич кој постигна 45 поени сепак, домаќините го издржаа притисокот и поведоа со 1:0. Прв стрелец кај “сонцата” беше Диандре Ејтон со 25 поен следен од Девин Букер со 23 и Крис Пол со 19 поени.

Следниот натпревар е за два дена од сега, и Феникс повторно ќе биде домаќин.

NBA FAN

Димитар Младеновски