Милвоки и Бостон ја продолжија својата борба за пласман во финалето на истокот.
По победата на актуелниот шампион на првиот меч, “селтикси” го вратија ударот на следниот натпревар и ја израмнија серијата. Рано сабајлево во “Фисев форум” бевме сведоци на уште еден неизвесен меч кој се решаваше во последните секунди. “Елените” успеаа да го издржат налетот на гостите и извојуваа значајна победа од 103:101, поведувајќи со 2:1 во серијата.
Јанис Антетокумпо имаше монструозна партија постигнувајќи 42 поени, 12 скокови и 8 асистенции. Џру Холидеј исто така имаше одличен меч постигнувајќи 25 поени и најважните 2 во последните секунди. Центарот на Бостон, Ал Хорфорд успеа да погоди за израмнување но за жал на навивачите на “келтите” тие поени беа откако помина регуларниот тек на натпреварот. Лошата вечер на Џејсон Тејтум кој постигна прескромни 10 поени (со ужасна реализација од поле 4-19) беше една од главните причини за неуспехот на тимот.
Оваа возбудлива борба продолжува за 2 дена од сега.
NBA FAN
Димитар Младеновски