Рафаел Леао игра одлична сезона во дресот на Милан.
Португалскиот репрезентативец е една од главните причини што “росонерите” се наоѓаат на првата позиција во Сериа А и на две кола пред крајот се блиску до освојување на скудетото. Експлозивниот напаѓач по сјајната сезона стана мета на најголемите европски клубови. Пристигнаа информации дека Парис Сент Жермен е спремен да го доведе во своите редови за следното првенство.
Цената која би требало да ја платат челниците од “паркот на принцовите” е 70 милиони евра. Во Парис се очекува разврската оклоку се поизвесното заминување на Килијан М’Бапе. При евентуално напуштање на популарната “нинџа желка”, парижани би делувале експресно и веднаш би пратиле официјална понуда за 22 годишниот португалец.
Леао сезонава настапи на 32 мечеви на кој има постигнато 10 голови и 7 асистенции.
Димитар Младеновски