Две третини од граѓаните на Бугарија се плашат дека Русија може да ја нападне нивната држава, а половина се плашат дека Москва ќе ги окупира.
Истражувањето направено на територијата на Бугарија покажува дека 54 отсто од испитаниците се плашат од руска окупација, додека 62 отсто се плашат од ракетни напади.
Исто така, половина од Бугарите се надеваат дека НАТО ќе ѝ помогне во случај на таков потег од Русија.