NBA-“Жешките” го зададоа првиот удар (ВИДЕО)

713

Мајами Хит поведе со 1:0 во финалето на Истокот против Бостон Селтикс.

“Жешките” го одбранија домашниот терен со одлична трета четвртина која ја добија со +17 поени. Гостите беа сериозно ослабени со отсуството на најдобриот дефанзивец сезонава, Маркус Смарт и старниот центар Ал Хорфорд кој поради повреди беа спречени да настапат.

Џими Батлер одигра одличен меч постигнувајќи 41 поен а најдобрата резерва во лигата, Тајлер Хироу постигна 19. Мечот број два се игра повторно на Флорида за два дена.

NBA FAN

Димитар Младеновски