NBA-Шокантна размена на повидок!?

772

Дали е на повидок трампа која би го шокирала кошаркарскиот свет?

Според информациите кој доаѓат од САД, Кајри Ирвинг е незадоволен од својот тим. Ирвинг често знае отворено да го изразува своето незадоволство а во минатото тоа беше главна причина што го напушти Кливленд а потоа и Бостон. Единствено нешто кое го задржува во Бруклин е големото пријателство со Кевин Дурент но, доколку информациите кои пристигнуваат преку океанот се покажат како точни нема да биде изненадување следното првенство да го започне во нов дрес.

Шокантно делува дестинацијата на која 30 годишниот поранешен шампион би можел да заврши. Лос Анџелес Лејкерс (на неговиот поранешен соиграч Леброн Џејмс) влегува во игра. Не само што во овој случај Леброн и Кајри повторно би играле заедно (нешто кое што Ирвинг неколкупати има изјавено дека потајно се надева) туку и на спротивната страна би имало соединување на двајца поранешни пријатели.

Расел Вестбрук би завршил во спротивен правец и повторно би бил соиграч со Кевин Дурент. Нивното јавно нетрпение по заминувањето на Дурент од Оклахома Сити Тандер (каде што играа заедно) беше широко медиумски покриено. Во последните неколку години навидум, страстите се смирени и не би било никаков проблем доколку повторно настапуваат во иста униформа. Повеќе од јасно е дека “Рас” следното првенство ќе го започне во нова средина по констаните настојувања на управата на тимот од Eл-Еј да го отстранат од составот (него и неговиот астрономски богат договор).

Како најголема причина за незадоволството на Кајри Ирвинг е колебањето на управата на “нетси” околу висината на неговиот договор кој треба да биде продолжен. Доколку се испостави дека “мрежичките” не се спремни да му понудат максимален договор, за очекување е Кајри да бара друго решение. Во случај Бруклин да се сложи на ваква размена во спротивен правец ќе бара и два идни избора од првата рунда на драфтот.

Кој знае? Можеби летово ќе бидеме сведоци на соединување на два легендарни поранешни тандеми?

NBA FAN

Димитар Младеновски