Динамовци ќе го испотепаа Елиф Елмас! (ФОТО)

1039

Хрватскиот Динамо тотално го надигра турскиот Фенербахче на теренот на „Максимир“, го понижи совладувајќи го со 4-1, но во второто полувреме видовме немили сцени во кои ќе настрадаше македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

По еден дуел на нашиот фудбалер со Стојановиќ, кој направи преостар старт, Елмас жестоко реагираше, но веднаш му се пушти целата екипа на хрватскиот клуб. Најжесток во реакцијата беше Емир Дилавер, кој речиси и да сакаше да се тепа со нашиот најголем фудбалски талент. Елиф не се повлече, напротив, држеше до себе, а само присебноста на останатите фудбалери не дозволи инцидентот да ескалира во нешто посериозно.