Нотингем Форест не престанува со засилувања.
По објавата за ангажирање на петото ново име во составот, Омар Ричардс (кој пристигна од Бајерн Минхен) повратникот во Премиер лигата повторно го засили тимот. Станува збор за Велшкиот репрезентативец, Нико Шеј Вилијамс кој доаѓа од Ливерпул.
Лани 21-годишниот Вилијамс во вториот дел од сезоната беше позајмен на Фулам каде одигра 14 натпревари и постигна 2 погодоци. Популарните “шумари” најновото засилување ќе ги чини 20 милиони евра. На “Сити граунд” очигледно немаат намера да запрат и освен првенствената цел – опстанок во елитата, со ваков активен преоден рок може да се очекува и нешто повеќе.
Нотингем претходно ги донесе голманот Дин Хендерсон (на позајмица од Шефилд Јунајтед), десниот бек Жилиен Бјанконе од Троја како и централниот бек Муса Ниакате од Мајнц. Најскапиот трансфер во овој преоден рок беше доведувањето на напаѓачот Таиво Авонији од Унион Берлин, за кого платија речиси 21 милион евра. По доаѓањето на Омар Ричардс и Нико Вилијамс, оптимизмот на навивачите е на највисоко ниво.
Димитар Младеновски