Трет ден со ред пад на Волстрит, инфлацијата во САД над 9 отсто

512

На Волстрит берзанските индекси паднаа во средата, трет ден со ред, бидејќи вложувачите непријатно ги изненади податокот дека инфлацијата во САД во јуни достигнала 9,1 отсто, највисокото ниво од 1981 година.

Индексот Dow Jones ослабе за 208 индексни поени или за 0,67 отсто, на 30.772 поени, индексот S&P 500 се лизна за 0,45 проценти, на 3.801 поен, а Nasdaq индексот падна за 0,15 отсто, на 11.247 индексни поени.

И на европските берзи во средата цените на акциите бележеа пад. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,74 отсто, на 7.156 поени, франкфурскиот индекс DAX се лизна за 1,16 проценти, на 12.756 поени, а парискиот CAC индекс се намали за 0,73 отсто, на 6.000 индексни поени.

Во текот на тргувањето на њујоршкиот пазар на хартии од вредност индексите беа во минуси и по повеќе од 1 отсто, бидејќи вложувачите ги шокираше податокот дека инфлацијата во САД во јули достигнала 9,1 отсто, што е новото највисоко ниво по повеќе од 40 години.

Аналитичарите очекува раст на инфлацијата од 8,6 отсто, колку што изнесуваше во мај, на 8,8 отсто, па овој податок го зацврсти уверувањето на пазарите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) во јули ќе ги зголеми клучните каматни стапки за агресивните 0,75-процентни поени. Но сега дури шпекулираат дека Fed би можел да ги подигне каматите за цел процентен поен.

Во настојувањата да ја сузбие инфлацијата, американската централна банка од почетокот на годината клучните камати ги зголемуваше во опфатот од 1,4 до 1,75 отсто, а судејќи според сѐ ќе мора и натаму агресивно да ја поткрева цената на парите. Поради тоа растот на економијата во САД забавува, а прашање е дали Fed ќе успее „меко“ да го приземји стопанството или економијата ќе ја турне во рецесија.

„Мислам дека рецесијата е неизбежна. Fed ќе мора да биде агресивен краткорочно и да ја спушти побарувачката, а тоа води во рецесија“, вели во анкетата на Reuters Ен Сондерс од компанијата „Charles Schwab“.

Сепак, во вториот дел од тргувањето на Волстрит, берзанските индекси успеаја да ги ублажат загубите.

„По ваквиот извештај за инфлацијата, би очекувале големо повлекување од ризичните вложувања, но пазарот по почетниот пад се смири. Мислам дека ова е поради тоа што инвеститорите и онака од претходно веќе очекуваат агресивно зголемување на каматите на Fed“, вели Рос Мајфилд, аналитичар во компанијата „Baird“.

Во фокусот на вложувачите следните денови, пак, ќе бидат извештаите за кварталните деловни резултати на компаниите.

Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваат дека компаниите од составот на технолошкиот индекс S&P 500 во второто годинешно тримесечје оствариле раст на заработките за 5,7 отсто во однос на истиот лански период, што би бил значително помал раст отколку во претходните квартали.

Покрај деловните резултати, вложувачите внимателно ќе ги анализираат и процените на компании за натамошното работење, имајќи ги превид растот на каматните стапки, високата инфлација, забавување на економскиот раст и нарушувањата во синџирите за снабдување.