Ловец на планети открил нова Суперземја: Револуционерен пронајдок во вселената

861

Најновиот ловец на планети, кој НАСА во април го лансирала во вселената, по име “TESS”, веќе успеал да се пофали со првата планета која ја открил.

НАСА во понеделникот објавила фотографија од јужното небо на која може да се видат стотина илјади ѕвезди, кои дополнително ќе бидат анализирани во потрагата по трагите за наоѓање на планети пред нив.

Станува збор за прва фотографија која ја снимиле сите четири камери од сателитот, која прикажува подрачје кое ќе биде анализирано. Тоа, меѓутоа, било само загревање.

Експертите од НАСА потоа објавиле нацрт на работата кој за тема ја има првата планета која ја открил “TESS”. Тие наведуваат дека станува збор за Суперземја која се наоѓа во орбитата на ѕвездата Пи Менсе, оддалечена 60 светлосни години.

НАСА во пост на Твитер го потврдила откритието на потенцијален кандидат за внесување во листата на планети. Инаку, новооткриеното небесно тело околу својата ѕвезда орбитира за 6,3 дена.

Откритието на оваа Суперземја очекува дополнителна анализа и потврда.

Суперземјата, меѓутоа, не е сама. Во нејзина близина се наоѓа уште една џиновска планета, 10-тина пати поголема од Јупитер, на која и се потребни 2.100 дена да орбитира.

Уште еден труд, објавен во средата, споменува уште едно ново откритие во вселената – ѕвездата LHS 3844, оддалечена на 49 милиони светлосни години.