Booking нуди сместување во куќичка направена од чоколадо

786

Booking на своите корисници им понуди сценарио како од најубавите детски бајки – ноќевање во куќичка направена од чоколадо.

 

Сместена е во шумата на музејскиот комплекс Cité de la Céramique во Франција, а ја изработил Jean-Luc Decluzeau, познат по изработка на префинети чоколади и чоколадни скулптури.

Куќичката зафаќа површина од 18 метри квадратни, може да смести 4 лица, а за нејзина изработка биле потребни 1,5 тони чоколадо.

Мебелот и украсите во неа исто така се изработени од чоколадо.

Оваа чоколадна авантура веруваме дека ќе чини мало богатство, и тоа ако успеете да пронајдете слободен датум.

Тешко достапна авантура која ќе ја доживеат мал број на среќници