На Твитер се шири видео од кученце што го снимиле неговите посвоители на пат од засолништето до новиот дом.
Кучето од видеото, кое за 24 часа го погледнале повеќе од милион луѓе, е емотивно и не ги крие чувствата за фактот дека има нови сопственици и нов топол дом. Во видеото кучето се умилкува, се мази и речиси цвили во друштво на својот нов сопственик.
La reacción de un perrito al ser adoptado 🥺 pic.twitter.com/7NBAIIBWaD
— Animales y bichitos 🐾🌍 (@Animalesybichos) August 13, 2022
Ова кутре е доказ дека кучињата се навистина исклучително емотивни суштества и дека од првиот момент чувствуваат голема љубов, почит и благодарност кон својот сопственик.