Синоќа поплави во Прилеп, Битола, Виница, Неготино, Тетово

445

Вчера во прилепското село Лажани дел од населението беше евакуирано.

Тетово и околината синоќа околу 20 часот беа зафатени обилните врнежи дожд, што предизвика поплавување на куќи, подруми и гаражи, како и излевање на канализацијата од неколку шахти. Во Неготино се регистрирани оштетени кровови и поплавени домови. Силен дожд врнеше и во Битола и Крушево. Поради паднато дрво вчера неколку часа во прекин беше и сообраќајот во двата правци на патот Битола – ГП Меџитлија. А невремето во Виница поплави 30 до 40 објекти. Во Виница наврна најмногу дожд на метар квадратен – 55 литри.

Се праваат напори во нормализирање на вкупната состојбата на теренот погоден од обилните поројни врнежи. Според Центарот за управување со кризи водата во поплавените населени места во општина Долнени се повлекува, како и дека поголем дел од општината превентивно е без струја за да се заштитат жителите и мрежата за напојување со електрична енергија.