NBA-Мајами Хит во ретро издание на својата годишнина (ВИДЕО)

592

Продолжува трендот на враќање на “ретро”изгледот.

Најнов тим кој реши да ги врати во употреба дресовите од минатото е тимот на Мајами Хит. Тимот од Флорида, престојново првенство слави 35-годишнина од своето формирање и во таа чест се реши да ги “реактивира” своите први домашни дресови.

Во богатата тимска историја (која датира од 1988 година) овој дрес го носеа Стив Смит, Рони Сајкли, Глен Рајс, Тим Хардавеј, Алонзо Морнинг, Ден Маерли како и Двејн Вејд и Шекил О’Нил за време на првото “враќање” на оваа гарнитура на дресови која се случи на 20-годишнината од формирањето на клубот (сезона 2008/2009).

Реизданието на “оригиналните – класични” дресови се почесто прават свој “кам-бек”, најмногу по барање на навивачите и силниот интерес за нивно купување.

NBA FAN
Димитар Младеновски