БОКС КОРНЕР-Се врати “Бронзениот бомбардер” (ВИДЕО)

527

Дионтеј Вајлдер се врати во рингот.

Синоќа во преполниот “Барклеј центар” во Бруклин, “Бронзениот бомбардер” го потсети Светот на својата разорно силна десна рака. Во дуелот со Роберт Хелениус, повторно потенцираше дека ќе претставува сериозен проблем за секого во тешка категорија.

Вајлдер славеше победа со силен “нок-аут” во првата рунда, и сега има скор од 43 победи, 1 нерешен дуел и 2 порази. Боксерот од Албама немаше боксувано од Октомври 2021 година кога го претрпе тешкиот пораз од Тајсон Фјури, втор во низа. За Хелениус кој во борбата влезе како голем аутсајдер, ова е 4-ти пораз во кариерата а има и 31 триумф.

Димитар Младеновски