Александар Волкановски продолжува да доминира

700

Александар Волкановски останува шампион.

Австралискиот борец со македонско потекло (кое гордо го потенцира во секоја прилика) по петти пат ја одбрани титулата во лесна категорија во UFC.
Рано утрово во Лас Вегас (Невада), Волкановски се соочи со Јаир Родригез кој го нокаутира и успеа да го задржи шампионскиот појас.

Првата рунда започна мирно по што Волкановски ја префрли борбата на земја која апсолутно му одговара. По неколкуте обиди на Родригез да возвати од лежечка позиција следуваше втората рунда во која “Алекс” успеа да возврати. По шесте нокдауни за две рунди, следуваше решавачката трета рунда во која Волкановски ја покажа својата моќ.

По размената на неколку “лоу кик” удари, Волкановски нанесе силен удар на противникот што беше почеток на крајот. Родригез беше во дефанзива која немаше шанси да ја издржи. По “рафалот” удари од страна на Александар, судијата Херб Дин ја прекина борбата.

Во досегашната кариера, борецот со македонско потекло има 26 победи и само 2 порази.

Димитар Младеновски