Бокс корнер-Закажан дуелот помеѓу двата џина

452

Тајсон Фјури и Френсис Нгану (конечно) ќе се соочат еден против друг.

Британскиот промотор, Френк Ворен ја потврди оваа информација со датум и место на одржување на шоуто. На 28-ми Октомври 2023 година, во Ријад (Саудиска Арабија) двата колоса ќе ги одмерат силите.

“Ова е најпосакуваната борба во Светот. Овој дуел беше она кое што сите го посакуваа. Ова е револуционален дуел во тешката категорија. Тајсон Фјури е легендарен лик, маркантна личност која руши барирери! На 28-ми Октомври ќе биде испишана нова исторјиа!” – изјави Ворен.

Френсис Нгану е 36-годишен светски шампион во ММА. Во досегашната кариера има 17 победи и 3 порази. За “Предаторот” родум од Камерун ова ќе биде прво боксерско искуство но, многумина ја потенцираат неговата неспорна моќ. Од друга страна, аналитичарите не ја примија оваа информација со воодушевување. Експертите очекуваа одбрана од титулите од страна на британскиот боксер а не “егзибициски” дуел, како што ја нарекоа борбата со Нгану.

Во секој случај едно е сигурно. Дуелот помеѓу нив ќе биде ултра популарен и проследен од милиони ширум светот.

Димитар Младеновски