Аца Лукас е итно примен во болница

1682

Српскиот фолк пејач, Аца Лукас, пред два дена, бил итно хоспитализиран откако му се слошило во неговиот дом.

Како што објавија српските медиуми, Лукас почувствувал силни болки во стомакот, а бидејќи болката не престанала, Лукас побарал лекарска помош.

Веднаш бил примен во болница, каде што лекарите детално го прегледале и му ги направиле сите потребни анализи.

Лекарскиот тим дошол до заклучок дека не станува збор за некаква сериозна состојба или болест, по што пејачот бил пуштен на домашно лекување.

При испитувањата е утврдено и дека Лукас не е позитивен на корона вирусот.