Познато е дека пејачите општо насекаде, а особено од српската естрада најголеми хонорари добиваат токму на свадбените прослави, а секако тука вклучени се и бакшиш пари кои и тоа како знаат да бидат големи.
Не е тајна дека за една испеана песна од бакшиш пејачите добиваат и по неколку илјади евра, кои распеаните свадбари им ги даваат кога ќе ги „погоди“ песната, затоа и прифаќаат да пејат на свадби и роденденски прослави.
Имено, неодамна српскиот пејач Аца Лукас се изјасни дека веќе никогаш нема да пее на ромски свадби бидејќи се чувствувал понижен и покрај убавите пари што ги добивал. Причината е многу интересна.
Имено како што тој изјави откако ќе испеел и ќе му бил даден бакшишот, истиот бил баран назад од страна на свадбарите. Можеби во момент на среќа го отвораат џебот, но потоа се каат за големата сума која ја издвоиле и си ја бараат назад.
– Тоа се глупости. Нема никогаш да ги правам. Тоа се будали. Тие што ги организираат се лопови кои имаат пари. Но, тие те лепат со пари на чело и кошули, а на пејачките во прслуци. Но подоцна ги тераат музичарите да им ги вратат парите, раскажа пејачот.