Адам ѝ се одмаздил на банката по 18 години! Немал пари, го одбиле за кредит, а денес целиот свет зборува за тоа што го направил

1089

Британецот пред 18 години дошол во локална банка и барал заем за да започне бизнис. Барал 10.000 фунти, а во банката го одбиле бидејќи немал никакво искуство.

Адам Диринг (39) купил подружница на една банка во Манчестер откако таа пред 18 години одбила да му даде кредит со кој би започнал сопствен бизнис.

Адам немал ни цент таа 2002-ра година кога се упатил во банката во Урмстон, во округот Голем Манчестер. Менаџерката на банката била многу скептична и одбила да му исплати 10.000 фунти под изговор дека е многу млад.

Тогаш не можела ни да се посомнева колку голема улога ќе одигра во животот на Диринг. Британецот не можел да си дозволи ни маса ни столче, работел на под во една мала канцеларија, а во 2014-та година својата компанија ја продал за 5 милиони фунти.

View this post on Instagram

You’ve always got to come out of your corner fighting! Just like Tyson Fury did on Saturday night! 🥊🔥 . . Tyson has shown the world that you can be in the depths of depression, written off by the world and come back to be a world champion! 💯 . . Whatever we go through we must understand it’s only temporary and brighter days are always ahead if you make the decision to change! 🙏🏻☀️ . . I like all of us, have had many times when I’ve been overwhelmed, when my chips have been so down I’ve not known where to turn, where I’ve felt worthless and lost confidence in myself but thank f*ck I didn’t stay there! I got up and pushed forward! I created a mission in my mind that I had to complete! Never ever under-estimate the power of the human spirit!🙌🏻 . . Believe in yourself just like Tyson did! Come out fighting and back your damn self! As long as you never quit you will always win! 👊🏻 . . Make sure the comeback is stronger than the setback! 💪🏻✊🏻🔥 . . #FINDTHEACTION

A post shared by Adam Deering (@adam_deering) on

За да и се одмазди на локалната банка која во најтешките моменти одбила да му помогне, ја купил целата нејзина зграда за 450.000 фунти.

“Кога имав 21 година ја напуштив работата како продавач бидејќи знаев дека можам да започнам успешен бизнис, но немав пари, па ми беше потребна позајмица. Го претставив целиот деловен план и барав 10.000 фунти, но менаџерката воопшто не ме сфати сериозно иако целото срце го вложив во тој план. Кога ми кажа дека сум млад и неискусен и дека затоа не сака да ризикува, бев скршен. Бидејќи немав пари, четири месеци се јавував на луѓе од под бидејќи немав ни маса ни столче. Имаше многу моменти кога мислев дека на се дојде крајот, но одбив да се предадам”, вели Адам.

Трудот се исплател бидејќи во наредните години неговиот бизнис, кој се занимавал со управување на долгови и штедење, сепак тргнал.

Инаку, бил проблематичен тинејџер, па на 14 години бил исфрлен од училиште бидејќи вандализирал еден автомобил. Потоа пристапил кон военото воздухопловство, но набрзо се откажал бидејќи многу пиел, па се вратил во Урмстон каде постојано ги менувал работите и бил отпуштан.

Тогаш му помогнал соседот Крис кој го мотивирал да најде добра работа и наскоро работел во една компанија која се занимавала со финансиско управување, додека не одлучил самиот да почне да се занимава со тоа. Денес им помага на многу компании да ги организираат своите финансии, а благодарение на успехот е и мотивациски говорник.

А што ќе биде со зградата која ја купил? Ќе биде целосно реновирана и ќе добие нова намена – ќе изгради осум станови и една продажна единица на тоа место.

“Купувањето на банката за мене беше начин да ја заокружам оваа приказна и да покажам дека бев во право кога верував во себе”, заклучил Диринг, пренесува “Daily Mail”.