Агентот на Роналдо ја шокираше јавноста: Тоа никогаш не можев да му го кажам во лице

869

Португалецот Кристијано Роналдо безмалку сите ги изненади летово кого реши да го напушти Реал Мадрид и да се пресели во Јувентус.

Агентот на фудбалерот, Жорге Мендеш за италијанските медиуми откри дека Роналдо уше во јануари оваа година му ја кажал желбата дека сака да замине во Јувентус.

„Јуве е најзаслужен за ова бидејќи беа одлучни да го доведат. Тој уште во јануари ми кажа дека сака да премине во Јувентус. Мислев дека тоа е невозможно, но тоа на него никогаш не можев да му го кажам в лице. Со луѓето од Јувентус зборував уште пред мечот во ЛШ против Реал. Од невозможно почнав да верувам дека се е можно и веќе тогаш знаев дека ќе заигра за „старата дама“. Преговорите траеја неколку месеци и се беше завршено како што беше планирано“изјави Мендеш.