Претседател на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети се сретна со поранешниот премиер на Република Словенија, Аленка Братушек и словенечкиот амбасадор во Македонија, Милан Јазбец.
Претседателот Ахмети ја информираше Братушек за последните случувања во земјата во врска со реформите и евро-атлантската интеграција, додека соговорниците, исто така, разменија мислења за ситуацијата во регионот.
Лидерот Ахмети го потврди ставот на апсолутната подготвеност на Демократската унија за интеграција да придонесе кон исполнување на чекорите за целосна интеграција на Македонија во НАТО и во Европската унија.
Единствената алтернатива за Македонија е евроатланската интеграција, систематските реформи, добрите меѓуетнички односи, борбата против корупцијата и криминалот. Сето ова е предуслов за економски развој и социјална благосостојба.
Ахмети изрази уверување дека апсолутното мнозинство граѓани ќе ја поддржат интеграцијата во НАТО и ЕУ и ја покани опозицијата да се приклучи кон заокружувањето на процесот на интеграција, бидејќи нашите граѓани го очекуваат тоа.