Ахмети: Гласајте за Шилегов, следно е Албанец претседател на државата

591
Ахмети на митинг во Чаир им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.  Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од партиски митинг во Чаир најави уривање на нова пречка.

– После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец – истакна Ахмети.

Тој на митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов.  Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.