Ако сакате патики кои ќе ги привлечат сите погледи кон вас, тогаш Air Max 720 Saturn е совршениот избор за вас.
Компанијата Nike уште еднаш успеа да ги воодушеви љубителите на патики со претставувањето на новиот феноменален модел Air Max. Првата работа која ќе ве привлече кај овие патики е нивниот дизајн со футуристички изглед кој маѓепсува со шарени и делумно агресивни бои.

Секако, станува збор за спортски модел кој првенствено е наменет за кошарка, што значи дека тие се екстремно прилагодени и за трчање на тврди подлоги и пружаат максимална поддршка на стапалото и зглобот.
Овие патики ќе се најдат во продажба од април оваа година, а цената на еден пар изнесува 200 долари, што значи дека нема да бидат достапни за сите. Но, големите љубители на Air Max сигурно ќе заштедат за овој модел со кои ќе бидат главна атракција во секое друштво.



