Финансиска полиција ја тресе кумановската фирма Пин Петрол, дознава Курир.
Фирмата е осомничена за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.
Според информациите кои ги добиваме од акцијата приведена е Габриела Спасовска Крстевска која инаку е роднина, односно братучетка на поранешниот прв човек на полицијата Оливер Спасовски кој сега е координатор на пратеничката група на СДСМ.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.