ЈП Водовод и Канализација – Скопје информира дека повторно спроведува акција за наплата на долговите на рати без камата. Акцијата ќе трае од 17.06.2020 заклучно до 31.07.2020.
„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг во овој период да аплицираат за склучување на договори за исплата на долговите на најмногу 24 рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање. По истекот на овој период одлуката преставува да важи“, соопштија од ЈП Водовод и канализација-Скопје.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје граѓаните може да контактираат на:
02 073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција
www.facebook.com/jpvodovod.skopje