„Ако го преживеавме Сталин, ќе го преживееме и Путин“: Најмладиот украински пратеник за состојбата во Киев

771

Делот од Киев во кој тој живее е мирен и празен, додека воените регрутациски пунктови се полни.

Најмладиот украински пратеник Свјатослав Јураш за “CNN” рекол дека тој и другите Украинци се одлучни да продолжат да пружаат отпор на рускиот напад на главниот град Киев.

„Мојот прадедо го преживеа Сталинград, така што мислам дека можеме да преживееме било што што ќе фрлат на нас. Имавме несреќна, трагична, неверојатна историја во 20-тиот век. Така што, ако го преживеавме Сталин, ќе го преживееме и Путин“, рекол тој.

Тој за животот во Киев рекол дека се променил од корен, додека граѓаните се се посилни во борбата против руските напади.

Парите, на пример, веќе немаат никаква вредност додека трае војната, што значи дека луѓето разменуваат роба, рекол Јураш.

Делот од Киев во кој тој живее е мирен и празен, додека воените регрутациски пунктови се полни.

Меѓутоа, како што додава, резервите на храна и муниција се на истек.

„Нема доволно од ништо“, рекол Јураш.

Додава дека тој и неговиот тим го минуваат времето за да обезбедат резерви, за дистрибуција на храна, собирање на оружје и лекови, трудејќи се да бидат корисни во одбраната на нивната престолнина.

Некои од неговите помошници со воено искуство сега се на бојното поле, предводат водови и помагаат во поставувањето на барикади.

„Русија се обидува да ја уништи нашата нација, и нема да го дозволиме тоа“, порачал Јураш.