Ако одите на летување во оваа медитеранска држава, ќе добиете 200 евра подарок

618

Доколку и покрај пандемијата на коронавирусот сте одлучиле оваа година да одите на море и да се одморите, можеби ќе ве израдува веста дека ова лето Малта планира на секој странски турист да му понуди еден вид ваучер.

Ваучерот ќе биде во износ до 200 евра, доколку туристот во овој медитерански рај одлучи да остане најмалку три дена, пренесува „Ројтерс“.

Тамошниот министер за туризам, Клајтон Бартоло, овој план го најавил во петокот, а додал и дека се очекува дека поголемиот дел од ограничувањта и превентивните мерки поврзани со пандемијата на коронавирусот ќе бидат укинати до 1 јуни.

Тој објаснил и дека ваучерот ќе биде доделен на туристите кои што ќе резервираат летување директно во локалните холети, а овој проект е поттик за туризмот на Малта кој што е дури 27 отсто од економијата, а значително е загозен во текот на пандемијата.

Бартоло нагласил дека туристите кои што ќе резервираат сместување во хотел со пет ѕвезди ќе добијат 100 евра од Туристичката огранизација на Малта, а хотелот ќе им даде уште толку.

Туристите кои ќе одлучат да престојуваат во хотел со четири ѕвезди ќе добијат ваучер од 150 евра, а оние кои ќе се сместат во хотел со три ѕвезди ќе добијат по 100 евра.

Инаку, Малта моментално има највисока стапка на вакцинација против коронавирусот во ЕУ, со оглед на тоа што барем една доза од вакцината ја добиле 42 отсто од возрасните.