Ако се подготвувате за летување во соседството, тогаш мора да ја знаете оваа секс-шема со која ги мамат туристите во Бугарија

1310

Криминалците во Бугарија наводно користат малолетни девојки, кои ги мамат пијаните туристи на плажите, ветувајќи им секс за да ги ограбат, пишува “Sun”.

Британските туристи кои се подготвуваат за летување во Сончев брег во Бугарија сега добиваат предупредувања за измамата со “секс на плажа”, поради која некои жртви завршиле и во болница. Во срцето на бруталните измами се девојки од барови, од кои некои наводно се и малолетни, кои во раните утрински часови бараат мажи кои испиле премногу.

Нивните шефови криминалци наводно им зборуваат да бараат пијани туристи кои не можат да стојат, и да ги одведат на плажа, повикувајќи ги на секс без обврски. Сепак, кога жртвата се наоѓа на само со девојката, банда мажи ја напаѓа во мракот, по што доаѓа до грабежот.

“Бесплатниот секс на плажа само ќе направи да бидете ограбени. Мој пријател запознал девојка во бар и отишол со неа на плажа. Двајцата се соблекле и одненадеж се појавиле тројца мажи и му го барале паричникот. Им ги предал сите пари, телефонот и часовникот, и повторно го претепале. Последните два дена ги минал во болница”, рекол еден турист, пренесува британски “Sun”.

На порталот “Tripadvisor”, Дејвид Грип напишал предупредување, во кое наведува дека луѓето не би требало да одат сами на плажи со “проститутки”.

“Тие го работат тоа, им земаат пари на луѓето откако ќе ги одведат на осамено место. Момчињата одат на плажа со овие девојки, и пред да се случи било што, се појавуваат мажи кои ги ограбуваат”, пишува на порталот.

И други објавиле слични предупредувања на “Tripadvisor”, а еден корисник опишал дека крадците му барала пари, бидејќи уринирал на плажа, а потоа го претепале. Други пријавиле дека при враќањето на плажа сите работи им исчезнале.

На брегот на Црното море криминалот е во пораст, откако измамниците се стационирале таму, трагајќи по пијани туристи. Големиот прилив на пијани Британци привлекол и голем број на ситни криминалци, со кои управуваат локални мафијаши, нагласува британскиот весник.

Проституцијата не е забранета во Бугарија, но се верува дека е поврзана со шефовите на криминалното подземје, за кои се знае дека водат многу од баровите во Сончев брег. Многу девојки кои се вклучени во измамите со “секс на плажа”, најверојатно се локални проститутки под контрола на босовите.

Туристите ги напаѓаат и крадци, џепароши и обични измамници, како во Сончев брег, така и на другите летувалишта.

“Добивме многу извештаи за кражби и напади на луѓе од британска националност од страна на проститутки и нивните чувари. Избегнувајте ги областите каде оперираат проститутките, вклучувајќи паркинзи, плажи, слабо осветлени области и области со грмушки и дрвја”, се наведува во соопштението на британски “Foreign Office”.