Ѓумбирот е еден од најпопуларните зачини во светот, особено во Азија. Тој содржи материја позната како гингерол која поседува антивоспалително, аналгетско и антиканцерогено дејство.
Ѓумбирот ја подобрува дигестијата и помага во лекување на настинките, а еве какви придобивки има консумирањето на сок од ѓумбир секое утро.
Го зајакнува имунитетот
Доколку сте едни од оние кои имаат проблеми со честите настинки и вируси, со редовното консумирање на сок од ѓумбир ќе го зајакнете имунитетот. Овој напиток го подобрува влијанието на антибиотиците и циркулацијата.
Го штити телото од тумори
Бројни студии потврдуваат дека ѓумбирот е ефикасен во борбата против туморите, особено во превенцијата на ракот на јајници.
Помага во борбата против Алцхајмерова болест
Истражувањата покажуваат дека секојдневното консумирање на ѓумбир може да го забави пропаѓањето на мозочните клетки, што е главна причина за појава на Алцхајмер.
Го подобрува апетитот
Ѓумбирот може да го поттикне, но и намали апетитот. На поттикнувањето апетит делува така што произведува повеќе киселини во желудникот, но од друга страна ги согорува маснотиите во телото и дава подолго чувство на ситост.
Ги опушта мускулите
По тренингот е добро да консумирате храна во која сте додале ѓумбир. Тој најдобро делува ако го испиете или изедете наутро на празен желудник.