Секоја населба во Скопје си има одредена своја одлика и дух. Луѓето во оваа населба се почитуваат и дружат меѓу себе, но има неколку карактеристики по кои се разликуваа од останатите скопски маала.
Оваа скопска населба се наоѓа во источниот дел на градот Скопје, на 3 км одалеченост од центарот на градот, на левиот брег на реката Вардар, од источната страна на парк-шумата Гази Баба, а западно од населбите Камник, Маџари, Триангла и Ченто, северно од Ќерамидница, јужно од населбата Железара и од фабриката Железара.
Шетањето во маало ти е омилено хоби во животот и ако тренерките ти се основна облека во плакарот.
Ти си главен бандит во Скопје и секако носиш златно ланче на вратот.
Нова година прославуваш во локалната кафана или кафуле.
Ти се палиш на тератана, кик бокс и останати тепачки вештини
Купуваш алкохол од Калинка, јадеш бурек во Тохе и грицкаш семки низ маало
Пиеш пиво пред продавница
Имаш девојка и таа мора да биде од Гази Баба.
Работиш обезбедување или пак вратар во некоја од скопските дискотеки.
Ти си од провинција, а студираш на земјоделски или ПМФ.
Дечките од маало ти стојат 24/7 на располагање за тепачка.
Седењето пред зграда ти е составен дел од секојдневието.
Пиењето алкохол во “Панче” тие е составен дел од твојата младост.
Во твојата зграда има клупче и таму ти поминува најголемиот дел од денот.
На твојот фејсбук профил гордо објавиш дека живееш во Автокоманда.
Ако знаеш на глава да скокнеш во базен, да плукнеш (меѓу заби) најдалеку и совршено да играш билјард, пикадо, фудбалче, флипери и мустафа.