Ако ви треба туторијал како НЕ треба да се облечете погледнете ја Луна Ѓогани!

670

Ако ви треба туторијал како да се облечете најлошо што можете, само погледнете ја новата комбинација на новата пејачка Луна Ѓогани.

На една забава на која дрес-кодот бил инспириран од модата на 90-те, пејачките се појавиле во кожни тренерки, во неон бои, плетенки, а убедливо најбизарна комбинација имала Луна Ѓогани.

Таа носела неон хеланки, кои се воедно и чизми. Таа се обидела да го ископира стилот на светската ѕвезда Ники Минаж, но не ѝ успеало.

Познатите стилисти во Србија сметаат дека перспективната пејачка мора под итно да најде свој стилист, кој во иднина ќе се грижи Луна ваква да не се појавува во јавност.