Актерот од серијата „Lost“ долго време залудно се борел со вишокот килограми, по што исчезнал од јавноста – сега бил „уловен“ на улиците во Лос Анџелес

665

Актерот Хорхе Гарсиа од серијата „Lost“ бил снимен во јавноста првпат по три години, откако се повлече.

Актерот Хорхе (47), кој што се прослави со улогата на Хуго во серијата „Lost“ ги извршувал своите обврски во Лос Анџелес, а фотографиите ги објавил „Daily Mail“.

Пред да исчезне од јавноста, актерот ги полнеше страниците од магазините со својата залудна борба со килограмите. Иако откако докторите го советувале да ги намали килограмите поради здравствените проблеми тој успеал да изгуби 45 килограми, сепак не му било потребно долго време истите да ги врати, а неговите фотографии потврдуваат дека сè уште ја води истата битка.

„Можам да си дозволам да не живеам на рум и бурито, па подобро да се грижам за себе“, коментирал Гарсиа за своето губење килограми за списанието „Maximus“ од 2006 година.

„Многумина се чудеа како мојот лик не успеа да ослабне додека беше заглавен на пуст остров“, додал актерот референцирајќи ја својата улога во „Lost“.

Инаку, актерот остварил уште една значајна улога во серијата „Hawaii Five-0“ на што на сетот ја запознал и својата сопруга, а се венчале во 2019 година по шест години врска. Истата година актерот го напуштил снимањето на серии, по што исчезнал од очите на јавноста.

Последен пат се појавил на црвениот тепих во 2018 година, на прославата на 50-годишнина на серијата „Magnum P.I“.

Претходно се пишуваше дека поради дебелината му се заканува и дијабетес и срцеви болести што ги загрижи неговите блиски.

„Хорхе е една од најдобрите и најнежни души кои што сум ја запознал, па само треба да ослабне за да биде здрав. Никој не сака да му се случи нешто лошо“, изјавил негов близок пријател за „The National Enquirer“.