Шведска ја зафатија силни шумски пожари, дури и во арктичкиот поларен круг, поради што владата одлучила да побара помош од другите европски држави. Премиерот Стефан Левен изјави дека неговата влада работи од “минута во минута” за да ги обезбеди неопходните ресурси за стотина пожарникари и други лица кои се ангажирани за гаснење на околу 50 шумски пожари.
Помошта веќе пристигна – во вид на авион “канадер” и хеликоптер како и луѓе. Земјите кои ветила дека ќе им помогнат се Данска, Германија, Франција и Литванија, а од Италија и Норвешка веќе пристигна помошта.

Температурите во Шведска и соседна Финска оваа недела го надминаа 32 степен, а шумите во западниот и централниот дел на државата се опфатени од пожари, но и на далечниот север.

Рекордната температура над 33 степени Целзиусови е пријавена во градот Упсала, северно од Стокхолм, а во остатокот од земјата пријавени се температури од над 30 степени Целзиусови.

